Ахмед Чатаев, чеченски екстремист е организаторот на тројниот самоубиствен бомбашки атентат на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, во кој загинаа најмалку 44 лица, изјави денеска високо позициониран американски претставник, цитиран од американските медиуми.

Претседател на комисијата за национална безбедност на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Мајк Меккоул за „Си-Ен-Ен“ изјави дека Чатаев го организирал крвавиот атентат на еден од најфреквентните аеродроми во светот. Турски и шведски медиуми денеска, исто така, пишуваат дека Чатаев е организатор на нападот.
Властите во Турција се уште не ја потврдиле информацијата. Иако медиумите пишуваат дека полицијата трага по Чатаев.
Мајкл Меккоул изјави дека не е познато каде Чатаев се наоѓа.
Првично се појави сомнеж дека групата Исламска држава стои зад атентатот, а досега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста.
Сепак претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска повторно посочи дека најверојатно ИСИЛ стои зад нападот.
Групата има соопштено дека има свои ќелии во Турција, како и во други земји.
– Тие немаат никаква врска со исламот. Нивното место е во пеколот – изјави денеска Ердоган по петочниот намаз.
Турската телевизија „Хабертурк“ информира дека 80 ранети од атентатот се уште се наоѓаат во различни болници. Во моментов вкупно 157 лица се испишани од болниците, 55 ранети остануваат хоспитализирани и уште 25 се во одделенијата за реанимација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


