Ја победија Англија на Европското првенство во фудбал, па сега се надеваат и дека Британците ќе пристапат кон новата Унија во која се наоѓа и Норвешка. Тоа би бил посебен “супер-триаголник” од земји кои не се членки на Европската Унија.
Иако изгледа дека станува збор за шега на социјалните мрежи, и самиот исландски претседател Олафур Рагнар Гримсон истакнал дека “кога Британија ќе ја напушти Европската Унија, ќе се создаде триаголник кој го сочинуваат Гренланд, Исланд, Фарските Острови, Норвешка и сега – Обединетото кралство”.
Овие земји не се дел од Унијата, а Гримсон смета дека по “Брегзит” истите ќе имаат поголема улога.
-Станува збор за трговија, дипломатија, роба и други полиња на работа, рекол исландскиот претседател истакнувајќи дека на тој начин и Арктикот, далечниот север, би добил на значење не само во Европа, туку и на светски план.
За норвешката премиерка ова и не е така убав план, таа смета дека треба да се размисли дали сакаат Британија да ги диктира трговските договори со трети земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст