Македонскиот претседател Ѓорге Иванов нема да учествува на Самитот на НАТО во Варшава поради игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот, информираат од неговиот кабинет.
Оттаму велат дека сè додека не се земаат предвид овие факти, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставувана на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи, практика воспоставена од самитот во Кардиф во 2014 година.
– Претседателот Иванов уште пред самитот на НАТО во Кардиф во 2014 година донесе одлука да не учествува на самити на НАТО на кои нема да бидат испочитувани заложбите на Република Македонија и на кои ќе продолжи игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот. Конзистентен став на претседателот Иванов е дека фрустрациите од предолгото чекање се одразуваат на севкупниот живот во Република Македонија, особено во политичкиот и меѓуетничкиот. Се додека не се земаат предвид овие факти, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставена на ниво на министер за одбрана и министер за надворешни работи – велат од Кабинетот на претседателот Иванов.
Претседателот Иванов, посочуваат од неговиот кабинет, беше на самитот во Лисабон во 2010 година и во Чикаго во 2012 година.
– Имавме надеж дека ќе се испочитува очекувањето на Меѓународниот суд на правдата, Грција да не го продолжи однесувањето кое е утврдено како нелегално, дека ќе биде испочитувана пресудата и Времената спогодба. Но, кога е јасно дека нема индикации за тоа, претседателот Иванов нема да присуствува на самитот на НАТО во Варшава. Од овие причини, од самитот во Кардиф, Република Македонија е претставувана на ниво на Министер за одбрана и Министер за надворешни работи – соопштија од кабинетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст