| четврток, 6 декември 2018 |

Надал не исполнува услови за настап во Рио де Жанеиро

rafa nadal

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал би можел да ги пропушти Олимписките игри во Рио де Жанеиро, но не заради повреда, туку затоа што не ги исполнува потребните услови.

За да ги брани боите на својата земја на Олимписките игри, потрбно е Шанецот да одигра одреден број натпревари за националниот тим во Дејвис купот. Најдобриот шпански играч затоа мора да биде дел од националниот тим во дуелот со Романија, во рамките од второто коло во Евро-aфриканската зона, кое се игра од 15 до 17 јули.

Надал заради повреда се повлече од настапот на третиот грен слем турнир Вимблдон и прашање е дали ќе биде подготвен да и помогне на репрезентацијата. Но, може да биде само меѓу четворицата тенисери во тимот, а да не игра. И ова би му било доволно да ги исполни условите за настап на Олимписките игри.

Втората можност за Рафа е да напише молба до ИТФ олимпискиот комитет. Надал се надева дека на овој начин би можел да го оствари правото за настап во Рио, бидејќи на иститот начин данската тенисерка Каролине Вознијацки обезбеди учество на Игрите.

Надла во 2008 година во Пекинг го освои златниот медал, додека пред четири години во Лондон не играше заради повреда. Годинава тој е избран да биде знаменосец на својата земја и затоа своите планови ги подреди на настапот во Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top