| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот во Штип: Владата е посветена на приоритетните реформи

Владата работи посветено на реализација на акцискиот план за спроведување на приоритетните реформи, изјави денеска премиерот Емил Димитриев на посетата на компанијата за производство на кондиторски производи „Милина свитс“ во Штип во функција на промоција на поволностите што ги обезбедува проектот „Македонија вработува 2“, чијашто реализација е веќе во тек.

13576675_595027290678715_6768480885662841684_o

Тој дека многу законски решенија се усогласени со сите институции, и оти се во владина процедури.

Денеска имаме седница и ќе разгледуваме две законски решенија, коишто се речиси на самиот крај во владината процедура. Усогласени со сите институции. Тоа се законот за Народниот правобранител и Законот за владиното рекламирање. Јас очекувам на денешната седница овие закони да добијат зелено светло и да влезат во Собраниска процедура. Во понатомошниот тек на носење на овие закони јас очекувам да имаме максимална транспарентност – изјави Димитриев по посетата на фабрика во Штип.

13559057_595027030678741_339849126916424940_o

Процедурите во Собранието, потенцира премиерот, овозможуваат преку одржување јавни расправи, преку вклучување на владин и невладин сектор, преку вклучување на сите политички партии, овие закони дополнително да бидат надградени со квалитетни идеи и предлози и да бидат донесени во определн рок.

13584774_595027177345393_4585297182325644723_o

На промоцијата на проектот „Македонија вработува 2“, чијшто почеток вчера го најави министерот за труд и за социјална политика Диме Спасов, со премиерот беа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

13528051_595027024012075_6102229606227232225_o

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање на вчерашната седница за пратенички прашања, информира дека реализацијата на проектот „Македонија вработува 2“ почнала, а тој претставува продолжение на проектот „Македонија вработува“, со кој за една година беа отворени околу 19 илјади работни места.

Би сакал да ги поттикнам сите приватни субјекти да ја информирам јавноста дека од денеска, па во следните 12 месеци започнува проектот „Македонија вработува 2“ и сите оние коишто се заинтересирани можат да ги искористат поволностите за ослободување на плаќање на социјални придонеси во зависност од категоријата невработени лица што ќе ја вработат во период од три до пет години, додека пак за оние невработени до 35 години, покрај ослободувањето за социјални придонеси, има и ослободување од персонален данок – рече Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top