| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално: Златан Ибрахимовиќ е нов фудбалер на Манчестер јунајтед!

Искусниот напаѓач во текот на утрешниот ден ќе го потпише понудениот 2-годишен договор, кој му гарантира неделна плата од 250.000 фунти. Пред неколку минути легендарниот репрезентативец на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, и официјално потврди дека во новата сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот клуб во англиската Премиер-лига, Манчестер јунајтед.

Популарниот Ибракадабра на својот официјален профил кој го има на познатата апликација „Инстаграм“ постираше слика со официјалното лого на Манчестер јунајтед и под сликата напиша: „Време е светото да дознае. Мојата следна дестинација е Манчестер јунајтед“.

Искусниот напаѓач во текот на утрешниот ден ќе го потпише понудениот 2-годишен договор кој му гарантира неделна плата од 250.000 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top