| четврток, 6 декември 2018 |

Стојановски е прескап: Андора го шутна Војдан

vojdan stojanovski 2

Македонскиот кошаркар Војдан Стојановски повеќе не е член на Морабанк Андора, откако шпанскиот прволигаш реши да ја прекина соработката. Иако договорот беше со важност на уште една сезона, Андора ја искористи клаузулата според која може да биде прекинат најдоцна до 30 јуни, па во „пет до дванаесет“ соопшти дека Македонецот треба да си бара нов клуб.

-Економскиот аспект на договорот на Стојановски за оваа втора сезона беше превисок и можеше да има влијание врз продуктивноста на остатокот од екипата – изјави генералниот менаџер на Андора, Францес Солана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top