Македонија е рангирана едно место подолу на годинешниот извештај на американскиот Стејт департмент за борбата против трговија со луѓе. Со огромната мигрантска криза во текот на 2015 и почетокот на 2016 година, Стејт Департментот оценува дека Македонија е извор, транзитна земја и дестинација за мажи, жени и деца кои се подложени на тргување или принудна работа. До емигрантската криза, Македонија беше рангирана во групата Тиер 1 во извештајот на САД, а сега е рангирана во Тиер 2.
– Напливот на бегалци и мигранти претставуваше сериозен притисок врз ресурсите на Владата и нејзиниот капацитет да ги заштити жртвите и да спречи тргување со луѓе значително се намали- пишува во извештајот објавен во четвртокот.
Во извештајот стои дека во 2015 година Македонија го изменила законот за да им дозволи на мигрантите кои преминуваа преку Грција да го продолжат својот пат доколку изразат намера да побараат азил во Македонија. Но, со заострувањето на граничните контроли на север од Македонија, македонските власти мораа да воведат забрана за премин на лица кои не се граѓани на Сирија, Ирак и Авганистан, па Стејт Департментот забележал зголемување на бројот на шверцери со луѓе во Македонија. Во 2015 година биле идентификувани 94 потенцијални жртви на трговија со луѓе меѓу групите мигранти кои секојдневно минуваа низ Македонија, но овие случаи не биле дополнително истражени, и не биле воведени проверки за идентификување на жртвите на трговија со луѓе, пишува во извештајот.
Надвор од мигрантската криза, извештајот оценува дека децата, особено од ромската заедница, и понатаму се жртви на принудна работа, питачење, како и на сексуална злоупотреба преку принудни бракови. Странски жртви на трговија со луѓе во Македонија, пред се за сексуални злоупотреби, се најчесто државјани на Албанија, Босна, Косово, Романија и Србија и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент