Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, најави редукција на бројот на трките во светскиот шампионат почнувајќи од 2017 година.
Според него, во иднина ќе се возат 18 место 21 трка, а своето место, како што шпекулираат, ќе го загубат Германија, Италија и Канада.
– Следниот календар во Ф1, најверојатно, ќе биде без две трки во Европа. Не можам да кажам кои, тоа наскоро ќе го објавиме – изјави Еклстоун.
Италија и Германија имаа проблеми околу одржувањето на трките. За Италија и лани се зборуваше дека може да ја загуби организацијата, а Германија оваа сезона се врати во календарот по пауза од една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР во акција против дивите трки со мотори низ Скопје: 46 сообраќајни прекршоци и задржани 10 моторцикли
-
Хамилтон: Сакам да бидам подобар следната година
-
Детели за несреќата на кружната трка во Скопје: Двајца задржани во болница, едно лице се фрлило од возилото (Видео)
-
Синот на Шумахер возеше во легендарниот болид на татко му (видео)