Марио Балотели брилјираше на минатото Европско првенство, но затоа сега шампионатот го следи како колумнист на порталот „гол.ком”. Секако, ги прокоментира досегашните натпревари на репрентацијата на Италија, но и прогнозираже дека токму тие ќе бидат шампиони на Европа.
Вели дека сака и најдобриот играч на турнирот да биде избран од редовите на неговата татковина.
– Не е важно против кого играме, само Италија да победи. Никому не му посакувам лоша среќа, но искрено сакам да стане европски шампиони бидејќи последното финале го загубивме. Тоа е ужасно чувство и поради тоа навивам за Азурите. Се надевам дека и најдобриот играч на ЕП ќе биде наш – истакна Балотели кој постигна два гола против Германија во полуфиналето на ЕП 2012 година.
Токму Германците им се следен противник на Италијанците, а тој дуел ќе се одигра на 2 јули од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.