| четврток, 6 декември 2018 |

Националистички и неспортски скандирања на мечот Шкендија–Краковја

Натпреварот од првото квалификациско коло за Лига на Европа меѓу Шкендија и полска Краковја, покрај победата на тетовската екипа од 2:0, го одбележаа и неспортските скандирања на симпатизерите на двата тима.

Навредливи скандирања од спротивните страни на Националната арена „Филип Втори“ синоќа можеа да слушаат присутните на стадионот, и тоа упатени од двете навивачки групи на Шкендија и на Краковија.

Во текот на првото полувреме, навивачите на Краковија ја потврдија репутацијата на „лоши гости“, па на српски јазик извикуваа навредливи слогани кон албанскииот дел од присутните на трибините.

фк шкендија

Провокативното и националистичко скандирање на полските навивачи, и тоа упатено кон навивачите на Шкендија на српски јазик, ги исповоцира тетовските навивачи кои беа сместени во близина на ложа, па се обидоа да се пресметаат со раководството на полскиот тим, по што  полицијата и обезбедувањето мораа да реагираат и да ги отстранат гостите.

За ваквото однесување сигурно дека не може да бидат амнестирани, како ниту за скандирањата кои популарните „Балисти“ ги имаа во продолжението на натпреварот, па сигурно дека ваквите и слични испади и инциденти скапо ќе го чинат тимот на Шкандија, имајќи предвид дека контролорите и делегатите на УЕФА сето тоа уредно го бележат.

Инаку, на арената „Филип Втори“, но и пред неа и низ скопските улици, видливо беше зголеменото, засилено присуство на органите задолжени за чување на јавниот ред и мир, односно полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top