| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Калајџиев ќе биде прецедник на специјалниот „Преки суд“!

zaev-bomba-7-520x289

Понесени од траорот кој го предизвика излегувањето на четврт чадор од ЕУ и  дотепани со поразот од Исланд, СДСМ во наплив на негативна еуфорија се отвори и го обелодени својот план за враќање на власт.

Во таинствено опкружување на менувачницата на Вицето, во атмосфера на свеќи и исклучени електронски уреди, црпнатиот лидер дал ексклузивно интервју за „Минус инфо“, најави конкурентскиот „А1, оф!“. Во него, им пренел портирот од СЈО кој има плата од 4 илјади евра, Заев го пренел деталниот план за враќање на власт.

„Господине Заев, сите обиди ви пропаднаа, статива до статива, Шарената реболуција испадна тешка бламажа, на бојкотот никој не ви трзна, како планирате да се вратите на власт?“ – свикал луто новинарот, а потоа со понизен тон шушнал: „ Аман соопштете, бестрашен лидеру наш!“

-„Груевски е крив за се’, и во Брегзит има вмешано прсти, се’ само за да го пренасочи вниманието на чадорот од Македонија, ама џабе му е! Со последниот план победуваме гарант, ако не, пак, рејтингот ќе ни скокне за минимум 0.001 насто!  Ама милипроцент по милипроцент, ќе ги стигнеме. Борбата за власт продолжува!“ – соопштил торжествено и преполн со себе Заев, по што значајно се свртел кон подобниот новинар и свикал:

-„Ќе го врнеме… Вратиме де Преки суд, сите ќе ги осудиме без докази ко нашите предци комунистички во времето на 1944-1945 година! Не’ викаат „комуњари“, а? Епа комуњари и ќе бидеме, све ќе испозатвориме, Змиски остров ќе го напраеме Голи оток и точка! Чадорот ни вети дека  работата ќе ја биде за месец-два, па и три да е, де. Кој чека власт, ќе дочека!“ – значајно погледнал заев.

-„Прекрасна вест лидеру неприкосновен наш! Секоја чест! Тоа значи и многу нови милиони од Сорос за нас, јесс!“ – загукал и му се испуштило на професионалниот новинар, по што се прибрал и со сериозна фаца запрашал:

-„Мислите ли на Специјалниот суд, претседателе? На СДСМ де…“

-„Мислам него што! СЈО на Јанева ќа штанца обвиненија без докази ко до сега, т.е. шо ја ќе им кажам де, а Специјалнио суд ќе ги отелотворетија глупости прво у притвор, па у затворски казни. Туууу, јако ќе биде. И да ви откријам ли кој ќе биде главен у специјалниот суд? А, ексклузивно?“

-„Ји-хааа, дајте кажете лидеру прекрасен, дајте да ја потресеме јавноста! Кој ќе биде главен на судот, кој? Аман потресете ја јавноста со ексклузивата!“ – завапил професионалецот.

-„Гордон Калајџиев ќе го воде! Он е најдобрио за таа позиција. Ме пукна шо не стана Катица Јанева, ау меѓувреме многу прецизно гаѓаше со бои по Правда! Заслужи човекот, на ТВ „Селма“ секој ден беше и не бранеше. Калајџиев ќе биде Judge Dredd! И Сталоне ќе се засрами колку добар Дред, Гордон ќе биде. Ете, здрмајте ја јавноста, ама јако“ – свикал Заев и заминал итно да среди уште 5-6 тендери со„Тритерол“, овојпат вредни само  бедни 900.000 евра.

Во тешка екстаза, понесен од јачината на ексклузивата, професионалецот му се јавил на Геро, кој веднаш заплакал од среќа и им свртел на Фрчко, Ацо,Тричко и Коља Мрак. Вечерта на Боемската уличка се собрале сите револуционери. Журката траела до раните утрински часови. Не дошол само Тортевски, кој ја спукал со Шилегов зошто тој не е Калајџиев, но добил ветување дека ќе биде советник во Специјалниот суд со плата од 5 илјади евра. Шилегов пак се спремал за министер за правда, а Најчевска ја таксал да биде управител на КПД „Змиски остров“, каде ќе ги прателе сите неподобни вмровци. Оттогаш таа нон-стоп носела пелени, соопшти ексклузивно  ТВ„24 паравести. “Инаку, Владата планирале да ја формираат најдоцна до 2046 година…

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top