| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара Тодевска: Една година помина, ни останува уште засекогаш!

На 28 јуни изминатата година Тамара Тодевска стапна на лудиот камен со избраникот на своето срце Александар Димитровски – Мачка. Вљубената двојка со прекрасна свадбена церемонија го почна својот заеднички живот и веќе една година ужива во брачната хармонија. На нивната прослава присуствуваа многу роднини, пријатели, но и колеги на Тамара од естрадата, кои придонесоа ова да биде ноќ за паметење.

Деновиве Тамара прослави годишнина од брак со фотографија од свадбата и со емотивна порака.

-Една година помина, ни останува уште засекогаш… Те сакам, му порача Тамара на својот сопруг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top