| четврток, 6 декември 2018 |

Летен универзитет по француски јазик и култура во Струга

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, по седумнаесетти пат, организираат регионален летен универзитет во Струга, од 4 до 8 јули 2016 година, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и од Литванија.

Значаен настан во континуираната обука на професорите и наставниците, овој Летен универзитет, организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни регионални партнери, им овозможува на професорите и на наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик. 6 модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, а воедно и богата франкофонска програма исполнета со презентации, работилници и размени на професионално ниво ќе бидат на програмата на професорите, кои на крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.

Регионалниот летен универзитет во Струга секоја година доживува сѐ поголем успех. Свеченото отворање е предвидено во понеделник (4 јули), во 18.30 часот, во хотел „Дрим“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top