Едно лице загина, а две други се тешко повредени, во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа околу 22 часот се случи на периферијата на Дебар, пренесува „Дибра јон“.
Според информации на „Макфакс“, сообраќајката се случила кај градскиот стадион во Дебар, а притоа починал малолетникот Р.Р., додека двајца негови другари се пренесени на лекување во скопската Клиника по добиените тешки повреди.
Се дознава дека во еден автомобил со дебарски регистарски таблички се возеле четири малолетници, инаку ученици во трети клас на дебарската гимназија.
Надлежните институции извршија увид на местото на несреќата и се очекува наскоро да се изнесат причините на оваа трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст