| четврток, 6 декември 2018 |

Крв насекаде: Откриен идентитетот на трупот најден во Куманово

Во 20 часот и 5 минути во Куманово се одвивал хорор кога 29-годишниот Ф.Д. пријавил дека до бунарот кој бил во близина на црквата Света Мина, имало траги од стапала и од крв.

полиција1

Полицијата околу бунарот пронашла траги слични на крв, а до бунарот пронајдена била една испукана чаура од непознат калибар. Во внатрешноста бил пронајден непознат машки труп кој бил изваден од бунарот.

Утврдено било дека се работи за 31-годишниот Б.И. од Куманово кој во пределот на лицето имал рана најверојатно направена од огнено оружје. Тој бил пријавен за исчезнат на 26 минатиот месец.

Телото ќе биде дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top