| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку милиони бегалци во нов бран тргаат кон Европа

begalci 2

Неколку милиони бегалци наскоро повторно ќе тргнат кон Европа барајќи спас од војната и од ужасите и ќе ја користат балканската маршрута како испробан и безбеден пат кон ветената земја. Процените на безбедносните служби и на разузнавачките агенции се дека во овој бран ќе има меѓу три и пет милиони бегалци, но овој пат најголем број од нив ќе бидат од Африка. Тоа се должи на фактот што таму допрва ќе се разгоруваат воените судири со терористичките организации Исламска држава (ИД) и Ал Каеда кои во последните неколку месеци загубија голем дел од освоената територија, пишува Вечер.

Македонија е подготвена да се соочи со напливот на бегалци и веќе се изработуваат акциски планови. Ова го потврди и претседателот Ѓорге Иванов, кој во неколку наврати ја предупреди домашната, но и странската јавност дека до крајот на летото Европа и Балканот повторно ќе бидат на удар на бегалците.

Во тој контекст Иванов пред неколку дена предупреди дека е можно да има нов бегалски бран, овој пат од Африка, и дека безбедносните сили мора да бидат подготвени да реагираат.

Најавите што ги имаме за вториот емигрантски бран што се очекува ова лето ќе бидат сосема поинакви отколку кога доаѓаа бегалци од боиштата од Блискиот Исток. Овој најавен бран е веќе тргнат и се чувствува во централномедитеранскиот коридор, кој оди кон Италија. Секојдневно има по илјадници што одат кон италијанскиот брег, а доаѓаат претежно од африканскиот континент, најмногу од Либија и од Египет – истакна претседателот Иванов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top