Поранешниот репрезентативец на Германија, Дитмар Хаман, остро ја критикуваше селекцијата на Англија која беше елиминирана во 1/8-финалната рунда од дебитантот на големата сцена, националниот тим на Исланд.
–Премиер-лигата си создаде бренд, но нема квалитет каков што има германскиот или шпанскиот фудбал. Англичаните само мислат дека се добри, тоа е нивниот главен проблем. Премиер-лигата стана сосема просечна, но навивачите живеат во свет во кој тоа е најсилното клупско натпреварување. Заслужни за тоа се челниците на лигата, кои прават „Шкода” да изгледа како да е „Ламборџини” во изминатите 15 години. Само затоа што е најгледана лига ширум светот, не значи и дека е најдобра, изјави Хаман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст