| четврток, 6 декември 2018 |

За да нема отпуштање во репрезентативниот дрес: Високи парични казни за непослушните ракометари

polska_qs_supercup470

Ракометната федерација на Полска воведе ригорозни мерки за ред и дисциплина на играчите и на членовите на стручниот штаб во репрезентацијата. Пред сѐ, ова се однесува за спречување непримерно однесување на сите членови кои се дел од репрезентацијата.

Со Дисциплинскиот правилник се предвидени високи парични казни и суспензии од шест месеци до две години за настап или предводење на националниот состав.

Секој ракометар што е дел од репрезентацијата, како и членовите на стручниот штаб или претставник на федерацијата, што ќе се однесува неспортски за време на репрезентативните собири ќе биде казнет со парична казна од 2.500 евра, а воедно ќе биде избришан и од тимот.

Под неспортско однесување, според образложението, се подразбира појавување на јавни места и извршување на функциите под дејство на алкохол, телесна повреда, навреда или клевета на учесниците во тренинзите и настапите на репрезентацијата, упорна критика како и недолични коментари на одлуките на одговорните лица.

Дисциплински правилник за однесување на националниот тим во сите ракометни категории има и во Македонската федерација, но засега многу ретко се применуваше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top