Тенисерките што настапуваат на третиот гранслем-турнир Вимблдон, не сакаат да настапуваат во опремата на американскиот производител „Најк“, поточно кажано фустанчињата кои им се дигаат при секој удар на теренот и им овозможуваат убав поглед на присутните на нивните сексапилни затегнати газиња.
Први што одбија да играат во новите фустани на „Најк“, беа најдобрата тенисерка во светот Американката Серена Вилијамс и Германката Сабине Лисицки.
– Ја пробав новата опрема и решив дека нема да ја носам. Не сакам сите да ме гледаат во задникот и каква долна облека носам. Едноставно, не се чувствувам пријатно, а тоа ми е најважно кога ќе излезам на теренот – изјави Лисицки
Меѓу тенисерките кои играа во спорната опрема беше и Хрватката Дона Векиќ, која во првото коло загуби од Американката Венус Вилијамс.
„Годинава на Вимблдон има многу моменти на Мерилин Монро“, напиша Вил Адам на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ алудирајќи на фамозната сцена во која ветерот го крева фустанот на најпознатата американска русокоса и заводничка.
Уште пред почетокот на турнирот повеќе од 20 тенисерки се пожалија на должината на фустаните. Затоа мораа да ги вратат на доработка, но и по направените корекции не беа задоволни бидејќи повеќе го откриват, отколку што го покриваат нивниот задник.
Вимблдон има строг кодекс на облекување, предвид доаѓа само белата боја, а организаторите не им дозволуваат на тенисерките дури ни градник во друга боја. Затоа чуди како воопшто им дозволија да настапуваат во кусите фустани на Најк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст