Васка Бојаџи, студентски правобранител, денеска го оствари своето право на глас на тековните избори за нов претседател на студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
–Правото на глас претставува право што е загарантирано со Статутот на Универзитетот и со Статутот на Студенскиот парламент. Секој обид за оневозможување на студентите да го реализираат ова нивно законско и статутарно право треба да биде елиминиран. Истото го осудувам и сметам дека треба да се прекине во натамошниот тек на денот. Секој има право како студент на овој универзитет да одлучи за себе дали ќе го оствари своето право на глас или не, но таа одлука не може никој да ја донесе ниту во мое ниту во име на кој било друг студент – истакна Бојаџи, додавајќи дека како студентски правобранител се залага за правата на студентите и смета дека истиот пристап и начин на размислување треба да биде својствен за секој друг член на академската заедница.
Таа ги покани сите колеги, студенти на универзитетот, во една мирна и пријатна атмосфера да го остварат своето право на глас, во атмосфера што прилега на реномираната академска заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст