| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска поставува ограда против емигрантите на границата со Србија

hrvats

Хрватските власти од минатата ноќ започнаа со поставување метална ограда на границата со Србија во висина од над два метра, како одговор на новиот прилив на емигранти. Како што пренесува ДПА, металниот ограда ќе биде подигната на граничниот премин „Батина“, близу тромеѓето на границите меѓу Хрватска, Србија и Унгарија.

Ова следува откако околу 700 емигранти беа спречени од страна на српската полиција да се упатат кон Хрватска. Тие претходно останаа заглавени во меѓуграничниот простор на српско-­унгарската граница откако не успеале да преминат на територијата на Унгарија. Хрватската полиција потврди дека поставувањето на оградата е во тек, но не наведе прецизно дали тоа се прави поради емигрантите кои постојано изнаоѓаат патишта низ Балканот, иако на границите уште од февруари се воведени засилени безбедносни мерки. Во екот на ланската бегалска криза, илјадници емигранти, претежно од Сирија, Авганистан и другите земји од Блискиот Исток, секојдневно минуваа низ т.н. балканска рута.

Од Турција, тие пристигнуваа во Грција и оттаму преку Македонија и Србија се упатуваа кон земјите во ЕУ, најчесто Германија. Во февруари годинава сите земји кои се наоѓаат вдолж „балканската рута“ северно од Грција ги затворија своите граници за илегалните мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top