Вкупно четириесет и двајца луѓе се заразиле со шуга во Куманово во првите четири месеци од годинава, велат од кумановскиот Центарот за јавно здравје.
Лани се регистрирани 32 заразени граѓани од шуга во првите четири месеци, а во 2011 година за истиот период имало 49 заразени.
Шугата се јавува поради недоволна хигиена, а се пренесува преку директен контакт меѓу луѓето. Чешањето на кожата и појавата на красти се симптомите по кои граѓаните можат да забележат дека имаат шуга. Оваа болест брзо се лечи со соодветна терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.