| четврток, 6 декември 2018 |

Исклучително убава, но и опасна риба изврши инвазија на Медитеранот: Ако ве касне, ќе посакате да сте мртви

Туристите кои ќе одлучуваат да одат на одмор на Средоземното Море би можеле да имаат блиска средба со отровната риба Птероис, предупредуваат научниците.

Со зголемување на температурата на морето регистрирано е прекумерно размножување на риби-ларви во близина на популарните туристички дестинации, пишува „Дејли мејл“.

Ширењето и продлабочуањето на Суецскиот Канал доведе до целата област да се соочи со опасност од инвазија на овој бестрашен предатор за само една година. Рибата – лав го колонизира целиот југоистичен брег на Кипар и го загрозува биодиверзитетот на голем број морски средини.

И покрај тоа што нејзиниот убод ретко доведува до фатални последици, ова убаво, но смртоносно животно може да предизвика големи непријатности кај рибарите и нуркачите. Некои од симптомите кои можат да се јават се гадење, повраќање, алергиска реакција и силни болки.

– Се до сега имавме мал број пријави дека во водите на Средоземното Море е забележана риба-лав. Сепак неодамна утврдивме дека го има заземено целиот југоисточен брег на Кипар, рече Деметрис Клету од Лабораторијата за истражување на животната околина на Кипар.

Рибата – лав се мрести на секои четири дена, создавајки скоро два милиона јајца годишно. Јајцата лебдат по водата и можат да се населат во големи водени површини пред да се изведат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top