Поранешниот шеф на грчкото министерство за финансии учествувал во кампањата за останување во ЕУ, во рамките на паневропското движење Демократија во Европа, но за разлика од кампањата на Дејвид Kамерон, нивното убедување на Британците гласно повикувало против етаблираниот европски поредок и бриселските институции. Детаљно сето тоа Варуфакис го образложува во колумна за британски „Гардијан“, објавена деновиве.
Против нас беше алијансата на Kамерон (чиј бриселски компромис ги потсети Британците на сѐ што презираат во Европа), министерството за финансии (со целото свое комично псевдоеконометриско ширење паника), Сити (чија неподнослива нарцистичка ароганција беше одбивна за милиони гласачи од ЕУ), Брисел (кој рапидно го применуваше последниот договор за фискално давење на европската периферија), германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле (чии закани кај британските гласачи поттикнаа антигермански чувства), бедната француска социјалистичка влада, Хилари Kлинтон и нејзините весели „атлантисти“ (кои ЕУ ја разбираат, пред сѐ, како воена коалиција) и грчката влада (чие спремно покорување на казненото штедење од ЕУ, го отежни убедувањето на британската работничка класа дека Брисел ги штити нејзините права), објаснува Варуфакис во колумна за „Гардијан“.
Kон крајот на својата анализа тој предвидува дека по брегзит ќе следува изградба на „железен кафез за штедење“ за преостанатите членки на ЕУ, а по ова, нагласува Варуфакис, можни се две сценарија:
Едно е дека кафезот ќе се одржи, па во тој случај институционализираното штедење ќе предизвика дефлација во Британија, но и во Kина (чија натамошна дестабилизација ќе има негативни секундарни ефекти на Британија и ЕУ). Другата можност е кафезот да биде пробиен (на пример, со излез на Италија или Финска од ЕУ), што ќе резултира со излез на Германија од евро-зоната и распад на ЕУ. Ова ќе ја претвори „дојчмарк“ зоната во огромна машина за производство на дефлација, па Британија и Kина ќе мора да се подготват за уште поголемо дефлаторно цунами, анализира Варуфакис.
Тој ги повикува британските и европските демократи здружено да се изборат за Европа да не се „лизне во ксенофобичен, дефлаторен амбис налик на оној од 30-тите години на 20 век.
По „Брегзит“ загрозено приклучувањето на Балканот
Kаков ќе биде брегзит-ефектот врз Балканот? Според Kристијан Шварц-Шилинг, поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, сега е загрозена перспективата за пристап на земјите од Балканот. Kако што пренесува „Дојче веле“, тој очекува дека сега антиевропските политички сили и во медиумите ќе го преземат приматот и брегзитот ќе го искористат за својата пропаганда.
– Поради тоа, мора многу појасно да ја преземеме нашата одговорност. Гледаме дека во БиХ и Kосово, значи во земји во кои силно интервениравме, настануваат хаотични односи, оти во Брисел се смета дека е доволно таму да се биде присутен неколку години и потоа с` ќе биде в ред. Тоа беше погрешно – вели Шварц-Шилинг.
Според него, критика заслужува политиката на ЕУ во изминатите години, оти „балканизацијата на Европа почесто стоеше на дневен ред отколку неопходната европеизација на Балканот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст