Осум земји-членки на Европската унија (ЕУ) кои не користат евро како официјално средство за плаќање можеби поради Брегзит ќе мора итно да го воведат.
Данска, Шведска, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија може да се најдат пред ултиматум кој ќе им го наметне шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Тој сака по Брегзит да се поврзат останатите членки на ЕУ со заедничката валута за да биде унијата во целина монетарна.
Ако ова се реализира, лидерите на ЕУ може сериозно да се подготват и за идниот чекор – даночната унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.