Во нападот на тројцата бомбаши-самоубици на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ синоќа загинаа 41 лице, а 239 се повредени. Само еден ден пред нападот, на сајтот на конзулатото на САД во Истанбул, објавена е предупредувачка порака за американските граѓани за патувањата во Турција.
На многумина им падна в око тоа што предупредувањето е објавено само еден ден пред еден од најголемите терористички напади во Турција, и се сомневаат дека Американците од претходно знаеле за овој напад.
Во извесувањето се предупредуваат Американците доколку ја напуштаат својата земја, да ја избегнуваат Турција поради актуелната ситуација. На сајтот пишува дека Стејт департментот ги предупредува своите граѓани поради зголемените закани на терористичките групи низ Турција и посебно да го избегнуваат југоистокот на оваа држава.
Меѓутоа, веројатно ова е само случајност, а и самиот претседател на Турција Ердоган во последните месеци предупредуваше на опасност од терористички напади. Во прилог на тоа оди и фактот што во Турција во последните 12 месеци се случија 11 поголеми терористички напади. Значи, можноста од напади секогаш постои во сите држави, посебно во Турција која се граничи со Сирија, во која се војува повеќе од пет години и на чија територија оперираат разни милитантни групи.
Американскиот Стејт департмент и амбасадите во сите држави имаат известувања за своите граѓани за моментната ситуација во тие држави и доколку постои опасност, или некои работи на кои треба да обрнат внимание, има и предупредувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст