| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредување – од петок нов привремен возен режим

kamion

Од петок ќе почне со примена привремениот режим на сообраќај во летниот период. Тоа значи дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Република Македонија се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:
петок : 17 – 22 часот,
сабота : 09 – 18 часот и
недела : 09 – 22 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за „Државни патишта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top