Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска упати длабоко сочувство по повод терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ со длабока тага и чувство на огорченост ја прими веста за терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, Република Турција.
Во овие тешки и тажни моменти за Република Турција, за нејзините граѓани, за семејствата на настраданите и повредените, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ искрено жали за загубените животи и изразува длабоко сочувство до пријателскиот турски народ, до припадниците на турската задница во Република Македонија и Амбасадата на Република Труција во нашата држава. Ве уверуваме дека мислите и молитвите на македонските граѓани во овие тешки мигови се со пријателска Турција и турскиот народ.
Овој брутален злосторнички акт е доказ дека терозизмот во целиот свет не познава ниту религија, ниту националност туку напротив, тој претставува зло против кое што треба силно и заеднички да се бориме без било каков вид на предрасуди.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште еднаш изразува искрено и длабоко сочувство до семејствата на настраданите и истовремено во овие тешки мигови за турската држава подава рака за помош и поддршка на граѓаните на Турција и припадниците на турската заедница во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст