| четврток, 6 декември 2018 |

Старџен на средба со Јункер да го спаси местото на Шкотска во ЕУ

junker skotskaПретседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ја прими денеска првата министерка на Шкотска, Никола Старџен во Брисел, каде таа ќе пристигне за да го заштити местото на Шкотска во Европската унија и покрај Брегзитот, изјави портпарол на бриселската администрација, Маргаритис Схинас.

Старџен денеска се очекува да разговара и со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц и со лидерите на политичките групи.

Ниту Шулц, ниту Јункер не планираат прес-конференции по средбата, која ќе се одржи по големите тензии во Велика Британија по референдумот во четвртокот, кога Британците гласаа за излегување од ЕУ.

За останување во Унијата, пак, се изјаснија 62 проценти од Шкотланѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top