| четврток, 6 декември 2018 |

Ja прекинаа свадбата за да следат Европско (ФОТО)

Јуни е вообичаено меѓу најпопуларните термини за свадби, па во текот на овој месец своето судбонско „да“ реши да го каже и една двојка од западна Херцеговина.

Но, за нивна несреќа на тој ден и во истиот термин кога беше закажана свадбата, се играше и осминафиналната средба од Европското фудбалско првенство во Франција меѓу Хрватска и Португалија.

Во таква ситуација младенци и покрај свадбата не сакаа да се откажат од нивнита голема љубов кон фудбалот, па за време на прославата гостите можеа да го следат напреварот на голем видео бим.

Работата отиде до таму што младенците дури и го одложија нивниот прв свадбен танц и почетокот на прославата за на полувремето на натпреварот, јави хрватскиот портал Индекс.

За жал, младенците на крај не добија дополнителна причина за славење бидејќи Хрватска беше елиминирана, но секако ќе можат да се пофалат со една од најоригиналните свадби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top