| четврток, 6 декември 2018 |

Ако го јадете ова, комарците ќе ве јадат вас

комарец

Секој од нас има пријател кој кога ќе излезе да прошетаме на кеј се чеша и ги колне и комарците и жештината.  Ако сте вие тој јадник, науката има објаснување зошто.

Гнасните мали крвопијци на сите може да им ја упропастат вечерта, но ако сте се запрашале зошто некој има три плика, а некои завршуваат како перниче за игли, одговорот е едноставен. И болен.

Комарците двојно повеќе ги касаат луѓето кои имаат А+ крвна група отколку што ги ручаат оние со други крвни групи. Најмалку го сакаат вкусот на Б крвната група.

Тоа не можете да го смените, но сепак нешто можете, а тоа е вашето мени.

Кога ќе земете плескавица и врз неа ќе ставите кајмак или павлака, како да сте им дале сигнал на сте комарци околу себе дека сте подгреана вечера.

Покрај потта, на вашата кожа после млечните производи се лачи и млечна киселина, комарците можат да ја почувствуватат, а таа им е посебен десерт.

Посебно внимавајте да не јадете полномасно сирење, соја или јогурт, инаку има да се чешате до недоглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top