Една жена загина, а еден маж е повреден во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Прилеп-Битола, кај клучката кај селото Лагово.
Според информациите од СВР Битола, во несреќата загинала жена на возраст од околу 66 години, а маж е повреден и е префрлен во Градската болница во Прилеп.
До несреќата дошло околу 16 часот при судир на патничко возило марка „пасат“ и мотоцикл. Загинатата жена била сопатничка на моторциклот, а возачот е повреден. На местото на несреќата во тек е увидот на полицијата и јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.