Во соработка и со финансиска поддршка на Меѓународниот фонд за промоција на културата на УНЕСКО, Фондацијата „Македоника“ го објавува почнувањето на проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“.
Можност да учествуваат во проектот имаат сите автори од Репубика Македонија, регионот и од дијаспората, на возраст од 18 до 30 години.
Во период од 12 месеци, се очекува многу млади и непознати автори за првпат да ги објават своите дела. Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 40 дела од автори од сите етнички заедници што ќе бидат наградени со авторски хонорар и ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Македоника.
Делата ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.
Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде што читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови, а најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО