Споделувањето фотографии и видеа отсекогаш бил важен дел на „Фејсбук“, па социјалната мрежа промовираше алатка што ќе овозможи нови искуства.
Новата опција на „Фејсбук“, наречена „Слајдшоу“, на корисниците ќе им овозможи со своите пријатели поедноставно и побрзо да споделуваат фотографии или други случувања шро се важни за нив.
По инсталирање на „Слајдшоу“, „Фејсбук“ ќе биде поврзан со вашата галерија со фотографии и со видеозаписи. Кога во 24 часа ќе направите повеќе од пет фотографии, „Фејсбук“ ќе ги собере во едно слајдшоу и ќе ви ги понуди да ги споделите со пријателите.
Моментно постојат десет теми со кои можете да го „обоите“ вашето „Слајдшоу“, а нови теми ќе бидат додавани дополнително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.