Хорор во Нов Белград, 13-годишно девојче паднало од покрив додека вежбало паркур. Несреќата се случила вчера во 20.15 часот, на покривот на детската градинка „Чуперак“ во Нов Белград.
Како што наведуваат очевидци на настанот, девојчето паднало од висина од пет-шест метри додека вежбало паркур (вид екстремен спорт во кој целта e што побрзо да се стигне од едно до друго место поминувајќи најразлични пречки) во градинката.
-Додека било на покривот некој шутнал топка, а тоа за да види кој бил, се свртело и загубило рамнотежа. За да не падне на бетонот се фатило за климата закачена на ѕидот од зградата, но брзо се лизнало. Во тој момент за некое чудо, веројатно за да не падне на врат, направило салто во воздух и неколку секунди потоа паднало – раскажува очевидец.
Тој додава дека девојчето не паднало на лице.
-Со рацете го заштити лицето. Крвавеше од носот, но беше свесно и по малку дезориентирено кога дојде брзата помош – опишува тој.
Во итната служба го потврдија настанот дека девојче паднало од покривот на градинката, но не го соопштија степенот на повредите.
По деталните прегледи на Ургентниот центар девојчето е пуштено на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст