| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран центарот на Лондон поради сомнителен пакет

Поради сомнителен пакет денеска беше евакуиран центарот на Лондон околу катедралата „Свети Павле“, а очевидци тврдат дека е извршена контролирана експлозија.

Во тек е полициска истрага, а голем дел од градот е блокиран по наводите дека е пронајден сомнителен пакет, објавија лондонски медиуми.

Вработените се евакуирани, полицијата го блокираше зоната околу катедралата, а се затворени сите улици во околина. Нема официјална потврда дека е извршена контролирана експлозија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top