| четврток, 6 декември 2018 |

„Икеја“ повлекува милиони гардеробери од продажба по третиот смртен случај

Шведскиот гигант за изработка на мебел „Икеја“ ќе повлече милиони гардеробери откако биле регистрирани најмалку три случаи на бебиња што загинале откако мебелот се превртел.
Компанијата го симна производот од својата веб-страница во САД, но сѐ уште се продава во други земји, пренесува „Раша тудеј“.

ikea-gardarober-milioni-povlekuvasmrtslucai-01

Го најавуваме повлекувањето на производот по трагичната смрт на третото дете. Јасно е дека сè уште има небезбедни производи во домовите на нашите потрошувачи и сметаме дека е правилно да преземеме одредени мерки, велат од компанијата во изјава за „Си-Ен-Ен“.

Во февруари годинава 22-месечниот Теодор Мекги беше најден под паднатиот гардеробер. Иако итната медицинска помош пристигнала веднаш, не можело да се направи ништо за да го спасат детето.

Слични инциденти се забележани во 2014 година и во 2015 година. Семејствата во моментов ја тужат „Икеја“ поради трагичните смртни слуачи.

Првично поради смртта на двете момчиња „Икеја“ воведе програма за поправка во која беа вклучени 27 милиони гардеробери. Сега, конечно, компанијата најави целосно повлекување на производот од серијата Малме бидејќи сметаат дека сè уште се опасни, а претседателот на „Икеја“ во САД Ларс Петерсон во изјава за „Ен-Би-Си“ ги замоли потрошувачите веднаш да ги отстранат овие гардеробери.

Иако овие гардеробери се повлечени од продажба на пазарот во САД, тие сè уште се достапни во други земји, како на пример во Русија и во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top