Две лица се повредени во тешка сообраќајка која се случи утрово во 9 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Алумина. Во несреќата учествувале два автомобила – „сузуки свифт“ и „опел астра“.
Според очевидци на настанот, двете возила се движеле од Центар кон Ѓорче Петров, а „сузукито“ со голема брзина удрило во браникот на „опел астрата“. На улицата се забележуваат долги траги од кочење, што укажува на тоа дека автомобилот се движел со голема брзина.
Од силината на ударот „астрата“ се извртела и завршила на спротивната лента на булеварот.
Од СВР-Скопје информираат дека две лица се повредени и истите се пренесени во ГОБ „8 Септември“.
По завршување на увидот ќе бидат познати причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст