Фредрик Харен, шведски автор што живее во Сингапур, на своите приватни острови нуди можност за „бесплатен престој“.
Харен често патува низ светот. Откако го купил својот прв филипински остров, со цел да замине на мал креативен одмор, заклучил дека нема да биде лошо да се обиде слично искуство да им понуди и на други луѓе. Затоа почнал да нуди бесплатен престој на еден од островите.
На своите гости Харен им ветува дека секогаш ќе бидат сами на островот – освен ако не го искористат правото да поведат до пет пријатели.
Но, престојот на островите не е во целост бесплатен. За некој да добие дозвола за престој, претходно мора да уплати одредена сума пари во добротворни цели и да ја наведе причината зошто му е потребен таков вид годишен одмор.
Својот прв остров, шведскиот Сванхолмен, Харен го купил во 1999 година. Потоа го купил филипинскиот остров Палаван, кој бил уништен од тајфун. Третиот остров што овој шведски автор го купил е Вифарнахолме, а се наоѓа во близина на Стокхолм.
-Вашиот мозок, вашата потсвест, има потреба да ги анализира сите работи што сте ги виделе, а потоа да пронајде некои одговори. Ако само патувате и постојано само доживувате нови искуства, немате време за креативна работа. Најдобрите идеи доаѓаат кога не работите ништо . Тоа е тоа што повеќето луѓе често го забораваат. Претеруваат со внесувањето информации, а ја занемаруваат креативната работа – истакнува Харен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст