| четврток, 6 декември 2018 |

Секој прелажан сопственик од „Фолксваген“ ќе добие по околу 10.000 долари отштета

folksvagen

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета за сопственици на автомобили во САД откако призна дека користеле софтвер за лажирање на контролата на издувни гасови.

Според извор запознат со случајот, секој сопственик ќе добие по околу 10.000 долари отштета. Десет милијарди долари се за поправка или откуп на околу 475 илјади автомобили како и за дополнително обесштетување меѓу 5.000 и 10.000 долари за секој сопственик.

Договорот предвидува и уплата на 2,7 милијарди долари во фондови за заштита на животна средина и уште две милијарди за истражување зелена технологија.

Официјалната одлука треба  да биде соопштена денеска, а пред тоа договорот мора да го одобри судија. Сопствениците може да ја одбијат понудата на „Фолксваген“ и приватно да ја тужат компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top