| четврток, 6 декември 2018 |

Ги надмина и нашите Тони и Драган – исландскиот коментатор доби отказ, но не е загрижен!

Исландскиот коментатор во Франција е сензација на Европското првенство, исто колку и неговата репрезентација. Гудмундур Бенедиктсон страствено ги бодри Исланѓаните, качувајќи се по столови, урлајќи при секој гол.

Ништо помалку возбудливо не беше ни синоќа кога Исланд ја победи Англија со 2:1. Бенедиктсон возбудено коментираше во текот на целиот натпревар, но на крајот се надмина себеси.

  • Готово е! Готово е! Не одиме дома, никогаш! Го видовте ли ова? Ма, дали го видовте? Немојте да ме будите од овој сон! Исланд ќе игра против Франција в недела! Франција-Исланд! А, вие (Англичани) одите дома! Можете дома, можете и од Европа! Можете каде еб*но сакате! Англија еден, Исланд два. Тоа е конечниот резултат овде во Ница. А, бајката продолжува! – викаше возбудено тој.

Поради неговиот ангажман на првенството, страдаше неговата втора работа како тренер во еден помал клуб во Исланд. Бендиктсон, кој е ѕвезда дома, доби отказ, но сега како и исландската репрезентација, ги собра симпатиите на цела фудбалска Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top