| четврток, 6 декември 2018 |

Старлета детално го опиша сексот со полицајци во приватен авион: „Беше екстремно“

Поранешната проститутка и ријалити ѕвезда Габи Греко во детали го опишала сексот со двајца „валкани“ њујоршки полицајци во скандалот кој ја тресе американската полиција.

24B46A9900000578-0-image-m-6_1421289574511

Според зборовите на Габи, инаку поранешна сопруга на милијардерот Џефри Еделстен, во 2013 година ѝ било платено како „секси стјуардеса“ да го следи инспекторот Џејмс Грант и во меѓувреме отпуштениот детектив Мајкл Милици за време на приватниот лет за Лас Вегас.

new-york-post-cover

-Требаше да ги прашам дали сакаат чај или кафе, но беше јасно дека ме сакаат само мене. Беа морничави, многу груби и полни со навреди. Не очекував дека ќе биде толку екстремно, но не е дека туку така можев да излезам од авионот среде лет. Немав каде да одам и затоа морав да правам што сакаа“, рекла Греко во интервјуто за „Њујорк пост“, додавајќи дека „во исто време сексуално ја искористувале двајцата мажи“.

Во Лас Вегас полицајците ги дочекале два пентхаус апартмани, се обложувале и се опивале со скап шампањ, а потоа организирале оргии со неколку проститутки. За своите услуги, Греко тврди дека добила „само 1.500 долари бидејќи повеќето пари ги прокоцкале“, а бизнисменот кој го платил патот на корумпираните полицајци наводно на нивниот „излет“ потрошил околу 57 илјади долари.

75858db95b4fe948cc7cb3f5bb9055da

Во судскиот процес против двајцата нечесни полицајци, пак, се тврди дека проститутката под име Кенди добила дури 10 илјади долари. Грант и Милици се товарат за корупција и неколку други кривични дела, а бизнисменот кој ги поткупил со вкупно 100 илјади долари ја признал вината и соработува со истражувачите. Четвртиот осомничен, кој наводно го потенцирал целиот „излет“ во Лас Вегас, Џереми Ричберг, не ја признал вината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top