Англиската јавност, шокирана од поразот од Исланд веднаш по мечот распали по играчите и селекторот Рој Хоџсон, кој поднесе оставка заедно со помошникот Гери Невил.
Легендарниот Гари Линекер на „Твитер“ напиша: „Најтешкиот пораз во нашата историја. Англија загуби од земја која има повеќе вулкани од професионални фудбалери. Добар меч, Исланд.”
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Рој Хоџсон поднесе оставка по поразот од Исланд во осминафиналната фаза на Европското првенство во Франција.
Тој по дуелот во Ница изјави дека неговите избраници не одиграле на нивото на кое можат да играат.
– Не го покажавме сиот наш потенцијал. Располагаме со квалитет поголем од постигнатите резултати на ова првенство.
– Заминуваме дома многу порано од планираното. Сметам дека е вистинско време на селекторското место да дојде лице кое ќе ја освежи репрезентацијата – изјави Хоџсон.
Покрај селекторот, стручниот штаб на Англија го напуштаат и неговите помошници, Гери Невил и Реј Луингон.
Англија синоќа загуби од Исланд со 2:1 во последната осминафинална пресметка на ЕП 2016.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст