| четврток, 6 декември 2018 |

Стивен Хокинг: За жал, ништо не се менува и понатаму сме алчни и глупави

Глобалното затоплување, масовните убиства, светската нестабилност и пренаселеноста на планетата се меѓу многуте проблеми со кои се соочува човештвото, но што од тоа претставува најголема закана?

Американскиот водител Лери Кинг го праша астрофизичарот Стивек Хокин што го загрижува најмногу кога станува збор за иднината на цивилизацијата.

Кога Кинг последен пат разговараше со Хокинг пред шест години, популарниот теоретирчар изјави: „Човештвото е во опасност да биде уништено само од себе поради алчноста и глупавоста“.

Овој пат водителот сакал да дознае дали се сменила перспективата на Хокинг.

– Сигурно не сме станале ниту помалку алчни ниту помалку глупави – изјави Хокинг.

Тој говори дека пред шест години предупредувал на загадување и на пораст на популацијата, а состојбата е сѐ полоша.

– Популацијата порасна за половина милијарди од нашето последно интервју, а крајот на овој тренд не се гледа. Со ова темпо на светот во 2100 година ќе има 11 милијарди луѓе. Загадувањето на воздухот е зголемено за осум проценти во текот на последните пет години. Повеќе од 80 отсто од жителите на урбаните делови на светот се изложени на небезбедно ниво на загадување – вели Хокинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top