| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот јасен: Српскиот државен врв е непожелен во Сребреница

srebrenica

Градоначалникот на Сребреница Ќамил Дураковиќ изјави дека присуството на членови на српското државно реководство на комеморацијата за жртвите од геноцидот во Сребреница на 11 јули е „непосакувано”

Градоначалникот на Сребреница Ќамил Дураковиќ изјави дека присуството на членови на српското државно реководство на комеморацијата за жртвите од геноцидот во Сребреница на 11 јули е „непосакувано”.

Градоначалникот истакна дека ова е мислењето на организацискиот комитет на церемонијата, кој предвид го зема инцидентот од минатата година, кога српскиот премиер Александар Вучиќ беше нападнат, и поради фактот дека „српското државно раководство негира дека во Сребреница е извршен геноцид”, со што се изразува непочитување кон жртвите на злосторството и нивните семејства.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, како „лицемерен чекор” ја оцени оваа одлука на општина Сребреница, јави српската државна телевизија РТС.

– Тоа е лицемерен чекор, бидејќи со години наназад тие канеа српски претставници да пристигнат во Сребреница, изјави Дачиќ.

Секоја година на 11 јули во Босна и Херцеговина се одбележува годишнина од масакрот на 8.000 босански мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година.

Во спомен на жртвите од Сребреница 11 јули е ден на жалост во босанската Муслиманско-хрватска федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top