Фолксваген во следните 5 години планира да пушти на пазарот 60 нови или обновени модели. Шефот на „Volkswagen Group“, Мартин Винтеркорн откри дека до 2018 година тие треба да им помогнат на Германците за извојувањето на челното место по продажба во светот.Винтеркорн не открива детали за новите возила.
„Без оглед на тоа дали сме во подем, или пад, нашата цел е да гарантираме дека групата останува посветена да остане на врвот во автомобилската индустрија”, изјави Винтеркорн.
За првиот квартал од оваа година продажбата на групацијата се зголеми за 5,1% во однос на истиот период минатата година, но оперативната добивка е намалена за речиси 1 милијарда евра. За да продолжи да расте, на среден рок ќе се обиде да се дистанцира од ситуацијата во Европа, па отвори нови 1 500 застапништва во земјите во развој. Според Винтеркорн овој потег, заедно со 60-те нови модели, ќе гарантира подобро претставување на пазарот од нивните главни конкуренти – Џенерал Моторс и Тојота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.