Германецот три години лежи во постела и информациите кои доаѓаат од Швајцарија, каде што тој живее со своето семејство, се прилично оскудни. Но Монтеѕемоло тврди дека е среќен поради тоа што слушнал добра работа од таборот на Шумахер, односно од медицинската екипа со која е опкружен седумкратниот Ф1 шампион.
–Многу сум среќен што знам дека тој реагира на третманот. Знам колку е силен, сигурен сум дека е решен да заздрави, што ќе биде круцијално за него. Искрено се надевам дека ќе се исвлече од оваа исклучително тешка ситуација. Тој беше важен член на Ферари и за мене е тешко да се разделам од Шумахер како возач, но и како пријател, истакна Ди Монтеѕемоло.
Ферари и понатаму се мачи на патеката, а единствен возач кој по Шумахер, освои титула со Ферари, е Кими Раиконен, далечната 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст