Актерката Кетрин Хигл, која публиката ја знае како докторката Изи Стивенс од серијата „Вовед во анатомија“, веќе девет години е во брак со Џош Кели, а исто толку време се обидуваат да добијат бебе.
После небројни обиди, убавата актерка се помирила со судбината дека никогаш нема да затрудни, но бидејќи Кетрин и Џош многу сакале да се остварат како родители, се решиле да усвојат две девојчиња.
Меѓутоа, животот им подготвил изненадување. Само што се навиканале на Нела и Адела, своите посвоени ќерки, брачната двојка добила прекрасна вест – нивното семејство ќе се прошири за уште еден член.
Кетрин останала бремена токму кога престанала да мисли на тоа и сега носи момче.
-Џош и јас имаме вести за вас…Ние сме во рајот и ќе ви раскажам за тоа- напишала Кетрин на Инстаграм со фотографија од ултразвукот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.