| четврток, 6 декември 2018 |

Одлука на Меси по поразот од Чиле ги шокира фановите

Дваесет и девет годишниот Меси го загуби и четвртото големо финале, трето во последните три години. Фрустрацијата кај него е голема, па веднаш по мечот со Чиле изјави дека се повлекува од националниот тим.

393243-chile-go-osvoi-peharot-i-go-penzionirashe-lionel-mesi

-Тоа е тоа. Завршив со националниот тим. Ова беше четврто финале. Да победам беше нешто што најмногу сакав, но не успеав, тоа е тоа. Тагата е огромна, боли кога не можете да бидете шампион, ­ изјави Меси за аргентинска телевизија по мечот.

Многумина веруваат дека ова е изјава на Меси дадена во афект по поразот. Тој има 29 години и сѐ уште има шанса да освои голем трофеј со националниот тим, па не се исклучува можноста тој да се предомисли. Меси загуби три финалиња на Копа Америка 2007, 2015 и 2016 година и едно на Светското првенство, во 2014 г. од Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top